Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 останува затворен, а гаснењето продолжува со целосни ресурси

Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

Ангелов напомена дека за гаснење се користат сите можни ресурси, додека пожарот се уште не е ставен под контрола.