Таа наведе дека актерот, политичарот од опозицијата, поранешниот минисер и член на Демокраската странка, Бранислав Лечиќ е човекот кој ја силувал.

Даниела проговори за хоророт низ кој помина во 2019 година, кога го снимала документарниот филм „Залечи ме“.

Пред филмот, малку луѓе во Србија знаеја зошто младата актерка се преселила во Америка.

– Кога отидов во Америка, бев расположена – никој не треба да го знае тоа, зошто би зборувала за тоа. Тоа е моето минато, сега почнувам од нула – јас сум здрава, вистинска, можам да направам сѐ. Никој не треба да знае дека јас сум всушност мртва внатре, дека моето достоинство е избришано. Сепак, започнаа проблемите – не можев да спијам, не можев да зборувам, не можев да јадам, почнав да добивам панични напади. Кога бев во метро, поради вревата, сите луѓе околу мене, не можев да дишам. Во тоа време, имав страшен паничен напад, бидејќи мозокот не може лесно да се рехабилитира, а потоа сфатив дека морам да разговарам со некого. Испратив порака на СОС-телефонот за анонимна помош. Од другата страна слушнав машки глас. Почнав да зборувам за тоа што ми се случи. Ме слушаше и во еден момент почна да плаче. Ми рече дека работи таму 15 години и дека е многу шокиран од тоа што го слушнал. Потоа, поради неговото сочувство, се обидов да си дозволам и мене да ме боли. Тој и неговото сочувство беа моето огледало. Само така можев да видам колку ме боли, бидејќи, се разбира, ја негирав мојата болка“, објасни таа во интервјуто за „Данас“ спроведено веднаш по специјалното прикажување на нејзиниот документарец на последната вечер на 27-от европски филмски фестивал Палиќ на 22 септември.

Даниела тогаш призна дека размислувала да си го одземе животот.

– Кога еднаш проговорив, тогаш морав да продолжам, започнав да разговарам со моите пријатели, но не можев да го кажам зборот силување. Тоа беше најстрашното нешто за мене. Можев да го опишам, но не можев да го присвојам тој збор и ми се случи. Почнав да се дистанцирам од сè, од Србија, од моето семејство, сакав да одам во Лос Анџелес, каде никој не ме познава, полека почнав да го планирам моето самоубиство. Откако беше пронајдена мојата проштална порака, некој повика полиција. Моите пријатели во Њујорк наскоро дознаа за тоа и направија сѐ што можат за да ме вратат. И тоа беше тешко. Тие беа загрижени затоа што сфатија дека не сум безбедна за себе. Од таа причина, започнав да живеам со моите најблиски пријатели“, рече Даниела во интервјуто за „Данас“.

Актерката за првпат во својот филм „Излечи ме“ изјави дека била силувана.

– По силувањето, се доверив само на мојот лаптоп. Снимив мали видеа, кои завршија во документарецот. Тие денес се скапоцени тестамент, бидејќи покажуваат како жртвата се однесува по злоупотребата, рече Даниела по тој повод.

Штајнфелд исто така тогаш рече дека верува оти документарецот ќе испрати силна порака и ќе ги охрабри жените да пријават насилство.