Веќе се познати првите кадровски решенија на првата жена претседател Гордана Силјановска Давкова.
Она што засега е познато засега е дека кадровските решенија на претходниот претседател Стево Пендаровски. Тој го имаше поставено за генерален секретар Миле Бошњаковски, а за неговите заменици беа поставени Билјана Радева и Тоше Зафиров. Тие веќе се разрешени од функциите, а на нивно место ќе бидат Ѓорги Божинов за нов генерален секретар, а заменик ќе биде познатиот новинар и чест гостин во нашиот медиум, Горан Момироски.
Според првите информации на Радио Лидер надворешен советник на претседателката Силјановска Давкова ќе биде и професорот Жидас Даскаловски, како и експертот за европски интеграции Златко Јанковски.
Поголем дел од остатокот од кабинетот, како што дознава Радио Лидер, ќе биде составен од жени. Наскоро се очекува да биде познат целиот тим на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.