Мирните скопски улици беа уништени од грозоморниот чин на брутално убиство вчеравечер во главниот град.
Познати се деталите за убиството
Станува збор за матичниот лекар Ацо Трпковски, од поликлиниката „Железара“. Неговите синови почнале да го бараат откако тој не се вратил дома по работните обврски. Околу 23 часот бил пронајден во неговиот автомобил во близина на поликлиника без да покажува знаци на живот. На телото имал девет убоди од нож.
67 годишниот лекар имал со убодни рани по телото, била повикана Брза помош, но залудно. Обидите за реанимација биле безуспешни.
Непознати мотиви
Опишувајќи го како „врвен лекар со огромно искуство“ лекарската фела е во шок по вчерашното убиство. Никому не му се јасни причините и мотивите за убиството, а убиецот е во бегство.
Телото е дадено на обдукција
Од МВР велат дека телото на починатиот е дадено на обдукција. Дадена е наредба да се прегледаат сите безбедносни видео камери, како и анализа на сите траги од просторот.