Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, бил пронајден без знаци на живот во дворот од својот дом во скопската населба Карпош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, откако во базен во дворот од куќата било пронајдено неговото безживотно тело.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ја утврди причината за смртта.

Јованов имаше 58 години и беше познат во јавноста како бизнисмен и човек поврзан со брендот „Левис“.