Познатиот бугарски актер, Филип Буков, ја покажа својата хуманост и солидарност со трагедијата во Кочани. Буков даруваше крв за повредените во страшниот пожар. Во знак на поддршка, Буков се упати во крводарителските центри во Софија, каде што успешно донираше крв.

На својот Instagram профил, актерот апелираше до сите свои следбеници и јавноста да се приклучат на акцијата за спасување животи. Тој напиша

„Важно е многу да дадат малку, а не малку да дадат многу!“.

Овој емотивен апел за солидарност е потврда на неговата посветеност за помагање во тешки моменти.

Во знак на жалост поради трагедијата, бугарското Народно собрание го спушти своето знаме на половина копје на 18 март. Исто така, болниците „Пирогов“ и ВМА во Софија беа полни со млади луѓе подготвени да помогнат, изразувајќи ја нивната поддршка и солидарност.

Филип Буков истакна дека крводарувањето не само што спасува животи, туку и позитивно влијае на здравјето на самите дарители. Со своите дејствија, актерот ги охрабри сите да се приклучат на хуманата акција и да понудат помош во вакви тешки моменти.

Извор:Република