Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова објави дека го прифатиле повикот за средба со ССМ и излегле пред Собранието.

-Ние како пратеничка група го поднесовме амандманот на ССМ со кој требаше во предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат средства за линеарно покачување на платата на јавната администрација за 2806 денари но за жал, мнозинството го одби. Не може народните претставници да бегаат од работникот и синдикатите. Доста е со лажни ветувања, пишува Панова.

Посочи, веднаш да се реализираат дадените ветувања, а уште еднаш го повикуваат мнозинството да го преиспита својот став и да го поддржи комисискиот амандман.