Граѓаните на кои Филипче требаше да им обезбеди вакцини, заминаа во Србија да се вакцинираат.

Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица. Секој ден има четирицифрени бројки на заразени, велат во соопштение од опозицската ВМРО ДПМНЕ и додават:

– И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира. Сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е високо на листата на починати од корона на милион жители, е пораз на Филипче и Заев.

Оттука тоа што за денес има пратка на вакцини не значи ништо. Никој ништо не очекува веќе од Заев и Филипче. Единствено што се очекува и бара од нив е да си заминат и да одговараат за злоделата и за негрижата на здравјето на граѓаните.