Стотици сопственици и нивните миленици маршираа низ центарот на шпанската престолнина
Стотици кучиња, заедно со нивните сопственици, го исполнија центарот на Мадрид во рамки на традиционалната градска прошетка „Санперестре“, настан посветен на подигнување на свеста за напуштањето и злоставувањето на животните.
Иницијативата се одржува на крајот на секоја година, а зад неа стои здружението за заштита на животните „Ел рефухио“, кое со години се залага за вдомување напуштени кучиња и мачки и за промовирање одговорно сопствеништво.
Учесниците прошетаа низ најпознатите делови на градот, меѓу кои и плоштадот Пуерта дел Сол, а настанот заврши со симболично новогодишно јадење грозје. Дел од кучињата беа облечени во празнични костими, што му даде дополнителна живост и позитивна енергија на настанот.
Сузана Изабел Фернандез, една од учесничките, истакна дека кучињата се суштества исполнети со љубов и дека е тажно кога луѓето ги земаат како моментална забава, а потоа ги оставаат.
Организаторите порачаа дека „Санперестре“ не е само празнична прошетка, туку и потсетник дека грижата за животните е постојана обврска, а не сезонска одлука.
