Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе ја поднесе Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори пред членовите на Комисијата за политички систем.

Во Предлог-декларацијата се посочува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19-ти октомври, Собранието го изразува своето натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори.

Се посочува дека Собранието се залага за доследно почитување на уставното право, граѓанинот да го оствари своето избирачко право непосредно, на слободни избори со тајно гласање, а најостро го осудува семејното и групното гласање, како можност за манипулирање со гласовите на граѓаните и влијание врз изборните резултати.

Декларацијата ќе биде ставена на седница на 12-ти септемеври.