Грчката национална телевизија ЕРТ направи директно прекршување на официјалниот меѓународен спортски код на Македонија за време на телевизискиот пренос од квалификациите за Европското првенство во ракомет 2028 година.
Имено, во официјалната телевизиска графика за ракометната средба меѓу селекциите на Македонија и Грција, грчкиот јавен сервис ја означи македонската репрезентација со непрепознатливата кратенка НМКД, и покрај тоа што единствениот важечки и меѓународно признат код утврден според стандардите е МКД.
Со ваквиот потег во преносот, грчката страна и ракометната федерација покажаа непочитување на воспоставените меѓународни норми и преземените обврски од меѓународните договори со кои јасно се дефинира употребата на официјалните кодови во спортот.
