Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.А.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

На 17.10.2026 година, пријавениот бил затекнат во семејната куќа на неговиот брат, со што не се придржувал на судската одлука донесена од Основен суд Штип, со која му е изречена забрана да се заканува, да го малтретира и да го вознемирува неговиот брат, информира Министерството за внатрешни работи.