Корисници на оваа подддршка, соопштија денеска од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за вршење на земјоделска дејност и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600 илјади денари или до 10 илјади евра по корисник, а барателите поддршката може да ja искористат за започнување земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање соспствен агро – бизнис.
Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Сите заинтересирани, се наведува во соопштението, барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 112, се подвлекува во соопштението, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Барањата со ист број на бодови се реангираат по принцип прв дојден прв услужен.
Со помош на мерките 112 и 113, Млад земјоделец со поддршка до 10 и до 20 илјади евра, се наведува во соопштението, директно се влијае врз намалувањето на невработеноста а се јакнат и локалните економии.
– Веќе на терен се гледаат и голем број на успешни приказни кои се реализирани со помош на овие две мерки. Младите се иднината на оваа земја, затоа Владата заедно со Агенцијата креираше и ќе продолжи да создава мерки и поволни услови младите да создаваат свои бизниси, да бидат активни учесници во создавање на производи со поголема додадена вредност и со тоа директно да влијаат на растот на бруто домашниот производ, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.