Во следните неколку години Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДСМ и ДУИ, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска коментирајќи ги изјавите на опозицијата во врска со новото задолжување со еврообврзница.

Таа вели дека само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра.

-Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се создадени вчера. Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра. Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДСМ, а не знаеме на што ги потрошија. Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг – вели Кузманоска.

Таа појаснува дека кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60% од БДП а денес јавниот долг изнесува 58,8% од БДП.

– Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме. Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3% – вели таа.

Кузмановска со порака до СДСМ кога следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години.

– За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија? – констатира пратеничката.