Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.
Во Брисел премиерот Ковачевски ќе оствари билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.
Како што соопшти владината прес-служба, работната посета на Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел.