Премиерот Христијан Мицкоски пресече – вели дека нема да има реконструкција во Владата. Тој во одговор на новинарско прашање вели дека нема да има реконструкција на Владата барем до лоналните избори.
Ваквите превирања следуваат по несогласувањата во коалицијата „Вреди“, три наспрема еден. Таравари не знае дека Касами, Меџити и Гаши договараат обединување во една партија. Меџити вели, сите сме без дилеми освен Таравари. Идејата е една политичка партија и настап на локалните избори.
Таравари остро реагира: Наместо покана, добив ултиматум од Вреди
Таравари на коалициските партнери ги испорачал своите барања за локалните избори. Додека во партијата размислуваат, тој вели дека не знае оти тројцата разговараат за обединување во една партија.
Идејата е одлична, смета Таравари. Посочува, и да не се приклучи во обединувањето на „Вреди“, има пет пратеници во Собранието.
Од друга страна, додека Меџити резервирано вели, ќе видиме, ќе процениме кои се аргументите „за“ и „против“ и дека теоретски е возможна реконструкција на Владата, премиерот Мицкоски дециден со одговор „не“, потенцирајќи дека односите во владината коалиција се одлични.
Се отвори и прашањето дали е стабилна Владата по преписките меѓу пратеникот Антонијо Милошоски и министерот за правда, Игор Филков. За тоа, Мицкоски вели дека „секој има право на лош ден“.
„Секој има право на лош ден, Владата е стабилна“: Мицкоски смирува по кавгата Милошоски – Филков
Од ЗНАМ на Димитриевски нагласуваат дека не разговарале за размена на ресори.
ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара директно со премиерот и во рамки на работната група, каде учествува како политички субјект. Таму се усогласуваат политиките и се следи реализацијата на владината програма.