Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден од 12:00 до 17:00 часот спроведе засилена акциска контрола на територија на цела држава при што санкционирани се 170 пешаци.
Вкупно 149 санкции се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, пет за минување на црвено светло… Од нив 34 на територија на СВР Битола, 32 на територија на СВР Тетово…

За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопшти МВР.