Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов соопшти дека во Собранието била одржана средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Израел, во организација на INOVA. Според неговата објава, целта е да се отворат можности за посилна институционална и деловна соработка.
Пренџов наведе дека фокусот е на иновациите, инвестициите и создавањето повеќе можности за македонските граѓани и бизниси. Тој смета дека Македонија може да учи од искуството на Израел, но и да воспостави конкретни партнерства што ќе донесат резултати.
„Градиме стратешки партнерства во интерес на Македонија“, напиша Пренџов. Тој додаде дека со градење врски со пријателските земји се отвораат нови можности и се јакне Македонија како држава што, како што порача, знае што сака и храбро чекори кон иднината.
