Пратеникот од редовите на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето вечерашно гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека ДУИ е партија која што флуктуира во зависност од актуелната состојба која што се бара на македонската политичка сцена.

-Ако ги погледнеме ДУИ во изминативе дваесетина години, откако постојат како политичка партија. Прво беа борци за човекови права, потоа станаа социјалдемократи, потоа се свртеа и станаадесница (демохристијани), потоа повторно станаа социјалдемократи, во меѓувреме сега станаа зелени, во меувреме се виделе со Кадиров, така што ДУИ е партија која што флуктуира во зависност од актуелната состојба која што се бара на македонската политичка сцена,, истакна Пренџов.