„Дали седницата ќе биде јавна или таа ќе биде затворена не одлучува МВР, туку одлучуваат пратениците на таа комисија. Мнозинството во таа комисија одлучи да биде затворена и тоа е неодговорно бидејќи после 4 месеци граѓаните немаат никаква информација што се случува, до кога ова ќе трае, до кога паниката итн. Тоа е суштината, се друго е гола политика“, изјави пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Пренџов посочи дека тука треба да се види дали навистина се работи за некаква си државна тајна или некој преку оваа затворена седница се обидува да ја прикрие својата одговорност.

„Како граѓаните на Општина Прилеп ќе бидат поспокојни со тоа што нивниот пратеник Миле Талески добил информација од Оливер Спасовски кои при тоа тој тие информации не може да ги сподели со граѓаните, тоа е суштината на оваа затворена седница. Ви давам информации само вас, а граѓаните не смеат да знаат ништо. Ова е клучното прашање за тоа дали треба да има отворена или затворена седница“, вели Пренџов.

Тој рече дека бомбите во оваа држава ги брка МВР и Оливер Спасовски затоа го викнаle на отворена седница во Собранието пред цела јавност.

„Вие сте една автархија и самодоволни за себе, вас не ве интересира ни јавност. Ние рековме седницата да е за граѓаните и ви дадовме до последно надеж да се вразумите пред оваа македонска јавност која ве плаќа. Потребно е да знаат граѓаните што се случува бидејќи тоа е демократија, тоа е НАТО, тоа е Европа“, изјави Пренџов.