Новиот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед ќе се појави на Олд Трафорд во четврток. Тој ќе слета со приватен авион директно од Соединетите Американски Држави.

Таму за последен пат ќе ја предводи репрезентацијата на Америка, чиј што селектор е аргентинецот во моментов. Тоа ќе се случи на квалификацискиот дуел против Хаити во Синсинати.

Тој натпревар се игра в среда изутрина по европско време, а веднаш потоа стручњакот со приватен авион директно ќе се упати кон Англија.

Од таборот на Јунајтед сакаат што побргу да го доведат новиот стратег. Тројца негови помошници – Хесус Перез, тренерот на голманите Тони Хименез и неговиот син Себастијано Покетино веќе пристигнаа во Манчестер за да го подготват почетокот на работата во новиот клуб.