На 99 отсто преброени гласови, Europe Elects соопштува дека партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов успеала во самиот финиш да го преземе првото место, оставајќи ја зад себе ГЕРБ на досегашниот премиер Бојко Борисов.
„Има таков народ“ на Трифонов добила 23.9% од поддршката на граѓаните, зголемувајќи го резултатот за дури 6.5 поени, додека ГЕРБ продолжува со падот и на овие избори ќе освои 23.7 отсто од гласовите.
Следуваат Социјалистите со 13.5 проценти, а потоа брзорастечката „Демократска Бугарија“ која добила 12.6 проценти од гласовите и е најсилната партија во главниот град.