Температури и услови низ земјата
Денеска Македонија ја очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поројни и пообилни – над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 12 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 14 до 18 степени. Во некои региони се можни краткотрајни прекини на врнежите, но облачноста ќе остане присутна во текот на целиот ден.
Времето во Скопје
Во главниот град ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Промена на временската состојба од утре
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претпладне се очекуваат локални врнежи од дожд и умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Од средината на денот ќе започне стабилизација на временските услови, а до крајот на неделата се очекува суво и стабилно време со пониски утрински температури.
