Од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и ќе има повремен умерен до краткотраен пороен дожд. Во Повардарието ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Утринските температури ќе се движат од нула до шест степени, а дневните од 11 до 22 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.
Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег.
Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.