На 19.1.2023, во 16 часот, полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода О. Б. (39) и А. М. (42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А. М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О. Б..
Потоа, врз основа на наредба од Основниот суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А. М., при што бил пронајден и одземен хероин.
Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.