Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј, вчера во 17 часот, ги лишиле од слобода Б.А.(48) и Ф.А(75), двајцата од с.Туин, кичевско, бидејќи кај нив било пронајдено оружје, соопштија од Министеството за внатрешни работи.
Од МВР наведоа дека при претрес во нивниот дом во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „М57“ калибар 7,62мм со една рамка без муниција и една кутија со шест куршуми калибар 7,62мм.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.