СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против А.П.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом и други простории на 12.09.2023, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го затекнале Х.Д.(27) од Штип на кого му продал марихуана, која била пронајдена при преглед кај него. Исто така, при претресот во домот и продажниот објект биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин и светло кафеава кристална материја.
Лицето било задржано во полициска станица и заедно со пријават бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.