МВР информира дека денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, е лишен од слобода А.Ј.(32) од скопски Сарај.

-При претрес на дом и други простории кај А.Ј., извршен по претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“, соопштуваат од МВР.

По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.