Како што е соопштено од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат со Сасоли за клучната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во „пост-ковидов ерата“.

По тој повод, претседателите на парламентите ќе се сретнат и со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателите на парламентите на Португалија и на Словенија.