Портпаролот на ЕК го кажа тоа одговарајќи на прашањето на новинарите заради кризата околу вакцината од овој производител, чија употреба беше суспендирана од околу 11 земји членки на Европската Унија.

Овие држави престанаа да ја користат оваа вакцина откако податоците покажаа дека кај некои пациенти се развила тромбоза, а некои починале.

Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано посочуваше дека последиците не се директно поврзани со вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така ги повика земјите да не престанат со имунизација со вакцината на „Астразенека“ откако тоа го сторија неколку земји од Европската Унија.

Во соопштението се вели дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчување на крвта.