Денеска, претседателката на Република  Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствува на погребната миса по повод смртта на Папата Франциск, која ќе се одржи пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Мисата ќе ја води кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На оваа емотивна церемонија се очекува присуство на голем број светски лидери, вклучувајќи претседатели, премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и околу 200.000 верници.

По завршувањето на церемонијата, Папата Франциск ќе биде погребан согласно неговата желба, во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.

Извор: Алфа