Албанскиот претседател Бајрам Бегај го поздрави поднесувањето на барањето на Косово за влез во Европската унија.

Бегај го смета за важен историски чин и на косовските власти им посакува многу успех во исполнувањето на обврските од процесот за членство.

-Ги повикувам сите земји членки на ЕУ да ја поддржат апликацијата на Косово, бидејќи тоа не само што би било во најдобар геополитички интерес на унијата, туку и натамошен придонес за поддршка на земја и народ со јасна европска и евроатлантска вокација, наведува Бегај.