На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата потпретседатели Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Џафери на вчерашната седница најави дека ќе побара карантин за Собранието бидејќи поради отсуство на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство поради Ковид-19 и други здравствени проблеми, како и одбивањето на опозоцијата да направи кворум за да се донесат законите од 32. седница. Не беа донесени ниту законите од петиот сет антикризни мерки, за кои опозицијата се изјасни дека ќе гласа.

Според информациите од Собранието, малку е веројатно дека ќе биде поддржана идејата на претседателот Џафери за воведување карантин, туку ќе се инсистира уште денеска да бидат донесени законите од петиот сет антикризни мерки, помош што ја очекуваат илјадници граѓани и стопанственици.