Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени и одземени 4.274 парчиња пиротехнички средства, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
При претрес во дом на битолчанец запленети над 4.000 пиротехнички средства
П
Полициски службеници од СВР Битола, денеска, по добиена судска наредба, извршиле претрес на ул.„Илинденска“ во Битола, во домот и други простории на битолчанецот З.Т.(58), поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик.