Неименувани извори од Бакингемската палата му откриле на новинарот на Би-Би-Си, Џони Димонд, дека никој не побарал дозвола од кралицата Елизабета за принцот Хари и Меган Маркл да ја именуваат својата ќерка по прекарот од нејзиното детство. Тој напис навистина го налутил Хари.

 

Близок пријател на принцот и автор на биографијата „Finding Freedom“ , Омид Скоби реагирал на веста на Би-Би-Си. Во изјавата се тврди дека кралицата била првата личност што Хари ја повикал откако се родило девојчето Лилибет Дијана.

-За време на разговорот со кралицата, Хари рече дека се надева дека ќе можам да ја именувам ќерка ми Лилибет во нејзина чест. Да не го поддржуваше тоа, тие немаше да го употребат тоа име, напиша Омид на Твитер.

Дека Хари е лут докажува и фактот дека, како што пишува „Варајети“, тој решил да му се закани на Би-Би-Си со тужба. Ова претставува уште еден удар за Би-Би-Си во однос на односите со кралското семејство. Неодамна се дозна дека новинарот на Би-Би-Си, Мартин Башир, ја измамил принцезата Дијана во ексклузивното интервју, зашто Би-Би-Си тогаш ги прекршил новинарските стандарди.