– Ви посакувам многу среќа. Го донесовте најдоброто од Англија и сите сме со вас, целата земја е со вас, па донесете го трофејот дома, порача принцот Вилијам, кој воедно е и претседател на Англиската фудбалска федерација (ФА).
Тој своето обраќање до англиските фудбалери го објави во видео порака на Твитер.
Англија вечерва го игра своето прво финале во историјата на Европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето.
За Италија ова ќе биде четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година.