Поради сомнение за извршено кривично дело тешка кражба, дваесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен од кумановската полиција.

– На 02.11.2021 во 11.15 часот во Куманово, врз основа на наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик – „тешка кражба“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.