Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 71-годишниот гостиварец Р.И. кој , според пријавеното, со остар предмет се обидел да ја нападне неговата 31-годишна снаа.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека лицето било приведено вчеравечер околу 22:40 часот.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.