Полициски службеници од СВР-Скопје од Единицата за недозволена трговија денеска привеле едно лице од Скопје, кај кого пронашле кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
– Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршија претрес во дом кај Ѓ. С. (42) од Скопје и при претресот е пронајдена кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Лицето е приведено во ПС Центар и против него ќе се поднесе соодветна пријава, наведуваат од МВР.