Полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 43-годишно лице од Кочани, осомничено дека во изминатиот период извршило четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, по преземени оперативни мерки и активности, полицијата го привела Д.С. (43), по што, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом.
При претресот биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од наведените кривични дела.
По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
