На 19.01.2022 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на ул.„Биљановска“ во Куманово, при што кај него биле пронајдени украдените предмети.
Истиот бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.