Во село Студеничани, скопско, денеска бил приведен крадец кој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Н.Д.(49) од Скопје бил приведен од Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.