Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 6.40 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје.
МВР соопшти дека тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од скопското село Трубарево.
– Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.