На 13.03.2023 во 13.40 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Свети Николе. Тој се сомничи дека во периодот од 05.01. до 13.01.2023 од гаража во дворното место од куќа сопственост на А.Л. одзел повеќе делови за патничко возило и трактор и други предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.