На 23.03.2022 во 17.00 часот во с.Црвулево, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П.И.(25) од с.Црвулево. Тој бил баран врз основа на две судски наредби за издржување на затворска казна од вкупно 3 години и 2 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.

П.И. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.