Ноќеска пет минути по полноќ на магистралниот пат село Удово- Дeмир Капија приведен е возач кој со „голф“ превезувал девет мигранти од Сирија и Индија.

Од МВР соопштија дека од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од село Крушопек.

-Тој во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, се вели во полициското соопштение.

Информираат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.