На 19.07.2021 во 16.00 часот, поради сомнение дека ги сторил измамите, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Д.(45) од с.Вражле, општина Зелениково, а на 20.07.2021 во полициска станица било извршено препознавање од оштетените, кои потврдиле дека тој е сторителот.

Н.Д. ги сторил делата во текот на 2021 година на тој начин што одел кај оштетените и им нудел огревни дрва за ниска сума, а откако ќе ги земел парите заминувал и не им ги доставувал договорените дрва.

Н.Д. извршил и кривично дело кражба на 08.06.2021 во хотел, при што оштетена била Б.В. од Скопје.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот каде престојувал Н.Д., а украденото е пронајдено и вратено на оштетената.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.