Полициски службеници од СВР Куманово денеска околу 16.15 часот го лишиле од слобода С.Ш.(20) од Струмица.

Како што информира МВР, С.Ш. е лишен од слобода во кумановската населба Долно Којнаре. При контрола на патничко возило „форд фокус“, со бугарска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

По документирање на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.