Приведен осомничениот за напад со нож во Виница по вербална расправија

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија приведеа осомничен маж за напад во Виница. Приведен осомничениот за напад е Н.В. (32) од Виница, кој на 7 август пред угостителски објект со нож нападнал лице.

Имено, по претходна вербална расправија, Н.В. му нанел четири убодни рани на Д.С., по што се дал во бегство. Надлежниот Јавно обвинител беше известен и по документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.