Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска во 00.30 часот го привеле А.З. (26) од Прилеп, по пријава од А.Р.(44) од Прилеп, дека вчера (3 април) околу 21 часот А.З. насилно ја однел нејзината ќерка со патничко моторно возило „голф“, информира МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.